ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Јавна соба“, психолози нудат бесплатна помош

Психолозите се мобилизираат. Нудат бесплатна помош за оние на кои им беа злоупотребени и споделувани нивните фотографии без да знаат. Професорката и психолог од средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, Ана Попризова, прва понуди помош за средношколците. Вели дека во вакви случаи може да се предизвикаат сериозни психолошки последици, како чувство на срам, страв, огорченост, ноќни мори, депресија, ниска самодоверба…

„Со непреземање на ништо се дава сигнал дека секој облик на насилство може да помине во нашето општество. А, жртвите се нашите деца…“, вели Ана Попризова, психолог.

Попризова не е единствениот психолог кој понуди помош. По нејзината објава, се приклучија уште најмалку 30 психолози кои нудат анонимна помош.

„Сето ова што им се случи ги прави да се чувствуваат виновни, дека нешто погрешно направиле, луѓето од околината ги стигматизираат и на тој начин се затвораат дома, дури и не им се излегува“, рече Розита Андонова, психолог.

Психолозите нудат бесплатна помош на жртвите. Според нив, најважно е сега жртвите од групата „Јавна соба“ да разговараат со нив, бидејќи ова непријатно животно искуство може да им влијае многу.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button