ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Средношколците кои ja бојкотираат настава се жалат на постојани закани од наставниците и директорите

Синдикатот на средношколци нема да се откаже од бојкотот на наставата и покрај заканите од Министерството за образование. УСАМ повторува дека тие ќе учествуваат на државниот испит, но под услов да има само два предмети. Првиот предмет треба да биде мајчин јазик, вториот да биде изборен и да има проект.

„Односите професор-ученик станаа заканувач-жртва, а односот професор-директор се претворија во жртва-заканувач. На студентите им се закануваат само затоа што имаат легитимни барања, на професорите им се закануваат само за да спречат студентите да бојкотираат. Ќе продолжиме со најдемократскиот и најхуман чин, односно со бојкот. Бојкотот ќе продолжи и ако заканите не престанат, бојкотот ќе престане кога ќе бидат прифатени барањата“, рече Бленди Ходаи, претседател на УСАМ.

Директорот на гостиварската гимназија, Мирсад Исени, рече дека Министерството за образование веќе ги известило средните училишта дека учениците кои ќе ја бојкотираат наставата нема да имаат право да влезат во државната матура.

„Ни беше укажано да ги известиме родителите, одделенските наставници да одржат родителски состаноци на кои ќе им биде кажано дека учениците кои нема да следат настава или ќе бојкотираат нема да имаат право да полагаат државна матура, туку ќе добијат само дипломи за средно училиште. Не направив никаков повик за да им кажам да се вратат. Нивно право е да го бараат правото, но правото исто така мора да се заснова на реални и нормални барања“, рече Мирсад Исени, директор на гостиварската гимназија.

И министерката за образование, Мила Царовска не се предава кога станува збор за државната матура. Таа апелираше до матурантите да се вратат на училиште затоа што според Царовска, бојкотот е неоправдан и секој изгубен час според Законот мора да се надомести.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button