РЕГИОН

Брнабиќ: Ако воведените мерки не се доволни можен полициски час!

Мерките што во Србија стапија во сила синоќа иако се ограничени за до 1 декември, премиерката Ана Брнабиќ рече дека наскоро би можело да се дополнат ако во меѓувреме се утврди дека се недоволни, пренесува агенцијата „Спутник“.

“Нема да чекаме до 1 декември за дополнителни мерки ако видиме дека овие не даваат резултати. Ќе почекаме три, четири, пет дена за да ги видиме резултатите“, изјавила Брнабиќ.

Како што додаде таа, „училиштата и градинките засега се најбезбедни места“ …

“Сепак, ќе ги замолам членовите на Кризниот штаб да дадат препораки во кое било време кога сметаат дека се потребни, без разлика дали станува збор за продолжување на годишните одмори или за премин на часови на Интернет. Во моментов, не гледам причина за тоа”, рекла Брнабиќ

По седницата на Владата на Србија, што се одржа во неделата, премиерката посочила дека следната можна мерка е забрана за движење.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button