РЕГИОН

Бугарија лута на извештајот на Институтот ИФИМЕС од Љубљана

Властите во Софија се лути по објавениот извештај на словенечкиот Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС од Љубљана. Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска соопшти дека ќе го повика привремениот амбасадор на Македонија да даде објаснувања дали Владата во Скопје е поврзана со кампања спроведена преку овој институт.

Имено, пред неколку денови ИФИМЕС објави дека бугарските власти пласираат неверодостојни податоци дека Македонците имаат бугарско потекло и оти Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

„Не може да се замисли дека во 21 век, државата Бугарија, која е полноправна членка на ЕУ и НАТО, ги оспорува идентитетот и јазикот на соседниот македонски народ“, коментираше словенечкиот Институт додавајќи дека бројот на етнички Македонци што живеат во Бугарија е околу 10 проценти од вкупното население на таа земја.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button