РЕГИОН

Бугарија – Ниту една партија не освои доволно гласови за формирање стабилна влада

Уште пред да бидат официјализирани резултатите од парламентарните избори во Бугарија, шоуменот и лидер на партијата „Има таков народ“, Слави Трифунов, ги претстави членовите на владиниот кабинет. Неговата партија, врз основа на прелиминарните резултати, води со 23,91% од гласовите, следува ГЕРБ, партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов со 23,69% од гласовите.

Врз основа на преброените гласови, ниту една од партиите не обезбеди мнозинство, потребно за формирање на владата. Иако се очекува партијата на Трифунов да обезбеди само 60 места од вкупно 240 во парламентот, тој беше категоричен дека нема да преговара со ниту една партија.

„Ќе направиме напори сами да формираме влада. Ќе го земеме мандатот и ќе ја предложиме во собранието новата влада составена од експерти”, рече Слави Трифонов, претседател на „Има таков народ“.

При презентирање на програмата и приоритетите на новата влада, она што предизвика реакции во земјата е изјавата на Трифонов во врска со членството на Бугарија во Европската вселенска агенција. Додаде дека ќе стори се на бугарскиот тим астронаути да се приклучел, како што рече, северномакедонец.

„Ќе се потрудам да испратам маж и жена кои ќе бидат првите астронаути во НАСА. Ќе се потрудам нив да им се придружи северномакедонски астронаут. Да не гледаме надолу кон земјата, од срам, туку да почнеме да гледаме нагоре, кон sвездите“, рече Трифонов.

Партијата на поранешниот министер за одбрана Каракачанов, кој користеше провокативни материјали за време на кампањата, претставувајќи го Охрид како бугарски град, на овие избори не го помина ниту прагот да влезе во парламентот. Вонредните парламентарни избори во Бугарија се одржуваат откако ниту една партија не успеа да формира влада на изборите во април. Официјалните резултати се очекува да бидат објавени во четврток.

Семра Мусаи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button