ВЕСТИРЕГИОН

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе свика конститутивна парламентарна седница на 15 април

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе свика конститутивна парламентарна седница на 15 април, објавија медиумите. Според бугарскиот устав, претседателот има рок до 4 мај да ја свика седницата, но Радев сака новиот парламент да започне со работа пред Велигден. Покрај заклетвата на пратениците, на конститутивната седница Владата на Борисов мора да поднесе оставка, но ќе продолжи да ја извршува извршната функција, сè додека не се избере новата Влада, или евентуално додека претседателот Радев не назначи привремена Влада. На изборите на 4 април, шест политички партии обезбедија места во бугарскиот законодавен дом. ГЕРБ на Борисов освои 26% од гласовите, што не е доволно за формирање парламентарно мнозинство. „Има такви луѓе“ на музичарот, Трифонов освои 17%, додека социјалистите предводени од Корнелија Нинова 15% од гласовите. Во „трката“ за новото парламентарно мнозинство се сите можни комбинации.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button