МАКЕДОНИЈА

Далеку сме од ЕУ поради лошото владеење на власта на Заев, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Стојановска

Тоа што земјава и покрај променетото име и други отстапки сѐ уште е далеку од почнување на преговори со ЕУ, за пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска е резултат на погрешните преговарачки политики на власта, но и на немањето сериозни внатрешни реформи. Говорејќи на темата за евроинтеграциските процеси, во емисијата „Патот кон“, на Алсат, Стојановска, вели:

„Далеку сме од Европа затоа што нема реформи во оваа држава со Зоран Заев, затоа што сѐ што е ветено не е реализирано. Името, да, е променето, но немаме ниту живот за сите, ниту сме на прав пат, далеку од тоа. Најкорумпирана земја, сме, земја во којашто цвета криминалот, земја во која, не само што криминалците се на слобода, туку се и во владата“, рече Стојановска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button