ВЕСТИСВЕТ

Делта варијантата станува доминантна и во Франција: Бројот на случаи дуплиран за една недела

Делта варијантата на вирусот корона сега опфаќа околу 20 проценти од случаите во Франција, изјави денеска за АФП министерката за здравство Оливија Веран, откако минатата недела имаше удел од девет до десет проценти.

Франција вчера имаше само 509 нови потврдени случаи на инфекција, а просекот на седум дена падна на 1.819 од врвот 42.225, што беше забележан на 14 април.

– Варијантата Делта постепено станува доминантна, како и во другите земји во светот, бидејќи е позаразна, рече Веран.

Германија вчера објави дека бројот на нови случаи на инфекција со делта вирус е двојно зголемен во период од седум дена. Поради оваа состојба, некои земји повторно ги воведоа ограничувањата за патување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button