ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

САД остануваат будни во глобалната борба против корупцијата – велат од Америкaнската амбасада во Скопје по прогласувањето на Бериша за персона нон грата

Прогласувањрто „персона нон грата“ на поранешниот претседател и поранешен премиер на Албанија, Сали Бериша, од страна на државниот секретар на САД, Антони Блинкен, треба да испрати силен сигнал до сите личности вклучени во корупција. Ова е ставот на Амбасадата на САД во Скопје, која за Алсат потврди дека САД остануваат будни во глобалната борба против корупцијата.

„Кога државниот секретар ќе добие веродостојна информација дека службено лице е директно или индиректно вклучено во корупција, или сериозни повреди на човековите права, од Секретарот се бара да го идентификува тој службеник и член на неговото потесно семејство, според оваа одредба на американскиот закон. Стејт Департментот ќе продолжи да го користи овој авторитет и сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво. Во зависност од посебните околности, некои називи се прават јавно, додека други се прават приватно. Вчерашната постапка треба да испрати силен сигнал што промовира отчетност и транспарентност, и отпорност против тешката корупција од истакнати функционер“, наведуваат од Амбасадата.

Американската амбасада не одговори директно на тоа дали и кога ќе бидат додадени новите имиња на

„Црната листа“ на личности од Северна Македонија, со која управува Министерството за финансии на САД. Иако оваа долга листа постојано се ажурира, со текот на годините немаше никакви промени во однос на лицата од нашата земја. Не се додадени нови имиња, иако имало разни корупциски скандали во земјата, и имињата напишани од 2001 година не се отстранети од списокот. И денеска таму се наоѓаат: Мендух Тачи, Нури Беџети, Џеват Адеми, Абдил Јашари, Гафур Адили, Невзат Халили, Џавит Хасани, Кастриот Хаџиреџа, Џемаил Хисени, Даут Реџепи и Џезаир Шаќири.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button