РЕГИОН

Денеска средба на главните преговарачи на Белград и Приштина

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина на ниво на главните преговарачи на кој се очекува да се разговара за одлуката на Централната банка на Косово да ја забрани употребата на динарот, но ќе се разговара и за други отворени прашања.

Делегацијата од Белград ќе ја предводи Петар Петковиќ, кој најави дека за време на разговорите на техничко ниво ќе се разговара за сите прашања важни за деескалација на ситуацијата, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини, но и забраната за употреба на динари на Косово.

Приштинската делегација ќе ја предводи нејзиниот главен преговарач, Бесник Бислими.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button