ВЕСТИРЕГИОН

Девет повредени лица во експлозија на рачна бомба на пазар во Призрен

Девет лица се повредени од експлозија на рачна бомба на сточен пазар во градот Призрен на југот од Косово.

Како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), три лица осомничени за нападот се идентификувани и полицијата трага по нив.

„Во 4:50 часот полицијата добила информација за случај на повредени лица на сточниот пазар во Призрен. Според првичните информации, се сомнева дека од експлозија на рачна бомба се повредени девет лица“,

вели за РСЕ, Весел Гаши, портпаролот на Регионалната полициска управа на Призрен.
Засега не се познати причините за инцидентот.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар на Регионалната болница во Призрен, каде што им била укажана лекарска помош.

На местото на инцидентот излегла и регионалната истражна единица на Призрен за да собере докази за случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button