ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ДИК: по изброени 82 отсто гласови: Арсовска 37,28 – Шилегов 34,96

Од 82 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје, според податоците објавени на веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК), независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 37,28 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 34,96 отсто.

Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,58 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 4,04 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,91 проценти и Александар Тортевски од Твоја Партија – 1,07 процент.

Излезноста е 48,77 проценти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button