ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Директори на училишта случиле договори со приватна фирма за струја

Голем број основни и средни училишта не аплицирале за поевтина цена на струјата преку ЕСМ за институциите што ги раководат. Од општина Тетово за Алсат велат дека нивните училишта ја одбиле оваа понуда поради бирократските процедури за аплицирање и во исто време поволностите што енергетска компанија им ги понудила.

„…одлучија да продолжат да се снабдуваат со струја од оваа компанија со образложение дека не е голема разлика да се аплицира за субвенцијата од Владата. И од страна на оваа компанија, цената беше намалена од претходната, а училиштата направија анекс на договорот со наведената компанија. Другата причина е што има многу процедури за примена во однос на субвенцијата што ја нуди Владата преку ЕСМ“, рече Назми Даути, Општина Тетово.

Во одредени училишта, директорите и наставниците спроведуваат различни активности со учениците за заштеда на електрична енергија. Во основното училиште „Бајрам Шабани“ во село Кондово, општина Сарај, поставени се лед сијалици.Како што рече наставникот Меџаит Амети, преку одредени проекти во и надвор од училишната зграда, учениците стекнуваат знаења за заштеда на енергија во училиштето и дома.

„Се трудиме тоа што ќе им го покажеме на учениците овде, тие самите да го користат во своите домови за да не се троши струја поради светската енергетска криза. Преку некои цртежи се обидуваме да покажеме како да заштедиме струја или како можеме да ја искористиме алтернативната енергија. Во таа насока, се трудиме да ги стимулираме учениците да ја користат сончевата светлина и да ја претворат во енергија“, вели учителот Амети.

Рокот за аплицирање за поевтина струја за основните и средните училишта е продолжен до 20 декември, но речиси половина од овие училишта не биле заинтересирани да имаат поволна цена за струјата, изјави пред неколку дена министерот за економија Крешник Бектеши. Тој додаде дека ова е неодговорно однесување на сите кои раководат со училиштата, додавајќи дека намерно прават дополнителни трошоци на општините во кои гравитираат.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button