ЕКОНОМИЈА

Донација од „Бимилк“ во Битола, детско игралиште од 1.400 м2

На простор кај градскиот парк денеска во Битола беше пуштено бо употреба детско игралиште, донација од Битолската млекара, Бимилк. Игралиштето е распространето на површина од 1.400м2 и вклучува 20 интерактивини игри и рекреативни содржини за деца. Донацијата е со вредност од 30.000 евра, а проектот се спроведува во рамките на 70-годишниот јубилеј од постоењето на компанијата.

„Грижата и активниот однос кон заединицата е наш придонес кој млекара го има во својата корпоративна стратегија. Како најголема млекара во државата, покрај производи со врвен квалитет, наша цел е со вакви донации да потикнеме и мотивираме раст и развој кај најмладите за здраво и активно детство…“, рече Полексена Јанкуловска-регионален маркетинг менаџер на Бимик.

„Битола добива уште едно рекреативно катче, прекрасно уредено, богато со едукативни содржини, што ќе придонесе младите во градот да имаат што повеќе зелени површини“, рече Тони Коњаноски-градоначалник на Битола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button