КОШАРКАСПОРТ

Дубаи, од сезоната 2025/26 ќе биде член на Евролигата

Дубаи следната сезона ќе игра во Еврокупот, а од сезоната 2025/26 ќе биде член на Евролигата благодарение на специјална покана. Како што дознава Б92 спорт, влезот на арапскиот тим во Евролигата нема да влијае на екипите од АБА лигата, односно Дубаи влегува во натпреварувањето и нема никого да загрози.

Затоа, Црвена звезда и Партизан можат да здивнат, бидејќи Дубаи како потенцијален учесник во регионалното натпреварување во Евролигата нема да биде третиран како претставник на АБА.

Следниот вторник, 19 март, АБА лигата има нов состанок околу влезот на Дубаи во регионалното натпреварување, каде се чека потврда за учеството на оваа екипа на Јадранот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button