ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мерко ветуваше социјални згради во Струга, но од нив нема ниту цигла

Мерко ветуваше социјални згради во Струга, но од нив нема ниту цигла

Струга е можеби единствениот поголем град во државата каде сè уште не е изградена социјална зграда и покрај големата потреба од тоа. Социјалните станови во Струга останаа само на празни зборови и ветувања од надлежните.

Во сиромаштија и нехигиенски услови живеат педесеттина семејства од ромска националност овде во Ромската населба на влезот на Струга. Тие велат дека повеќе не веруваат во ветувањето на локалната власт овде во Струга дека на ова место, на место на нивните куќи, ќе изградат социјални станови.
Граѓаните од ова маало за Алсат раскажуваат дека условите се под секое човечко достоинство.

„Има многу загрозени што не можат да просперираат во животот. Убаво е да направат социјални станови овде“, рече еден граѓанин.
„Пре две-три години ветуваше, но еве, уште живееме вака. Што ви ветуваше градоначалникот? Дека ќе ни направи социјална зграда.Овде не се живее убаво. Не е убаво, видете како е нема хигиена. За секој треба социјален стан, вака не се живее во бараки“, додаде друг.

Градоначалникот Мерко во март 2021 година ветуваше дека на овој простор се планира да се изградат дури две згради за сиромашни семејства.

„Детален план каде сме предвиделе две маркици од 50 до 60 станови можеби и повеќе станови, а веќе имаме барање од 40 семејства. Ако направиме една математика можеме сите тие со времени диви објекти во тој дел да ги сместиме“, рекол Рамиз Мерко, Градоначалник на Струга.

„Беше дека ќе ни направи нешто, но не се случи ништо. Социјални станови секаде има во Македонија, само кај нас нема, а зошто, не знам. Му поверувавме на Мерко, но еве не се случи тоа…“, нагласи друг граѓанин.

Инаку, од државното Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор нè информираа дека проектот кој предвидувал изградба на 32 објекти за социјално ранливи категории граѓани е во завршна фаза. Но, Струга не била дел од него. Алсат праша во општина Струга зошто досега не е изградена социјална зграда и дали е поднесено барање за градба на вакви објекти, но одговор не добивме./Алсат.мк

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button