РЕГИОН

Двајца загинати во несреќа на Дунав кај Белград

Двајца загинати во несреќа на Дунав кај Белград

Синоќа околу 21:30 часот на Дунав во белградската населба Гроцка се случила несреќа во која две лица загинале, а три се повредени.

Медиумите прво објавија дека глисерот со кој управувал И.Ј. изгубил контрола и удрил во шлеп. Но, по истрагата било утврдено дека пловилото немало контакт со шлеп, туку дека удрил во нешто друго, пишува „Телеграф“.

„Телата на загинатите се извлечени од Дунав и испратени на обдукција. Потоа ќе се утврди дали возачот во моментот на несреќата бил под дејство на алкохол или опијати. Ќе се разговара и со тројцата повредени кои се во болница“, изјавил за Телеграф близок извор.

Според првичните информации, маж и жена загинале на местото на настанот, а три лица се тешко повредени. Од РТС наведуваат дека повредените се пренесени во ВМА i се надвор од животна опасност. /Makfax

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button