ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Две млади лица од Охрид смртно настрадаа во собраќајка кај Ресен

Две млади лица од Охрид загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Ресен – Битола, кај месноста наречена Макази. Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 13:40 часот на излезот од Ресен во насока кон Битола, кога дошло до директен судар на патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблички и товарно возило „Волво“.

Во сударот, на лице место на повредите им подлегнале Д.К. и Ј.К. од Охрид, кои биле во автомобилот.

На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button