КОШАРКАСПОРТ

Ембид со 48 поени го прегази Вашингтон, Мајами подобар од Лејкерси

Никола Јокиќ продолжува со неверојатните партии на стартот на новата сезона во НБА лигата. Србинот синоќа во победата на неговиот Денвер нагетс над Њу Орлеанс Пеликанс 134-116 стигна до својот 108 трипл-дабл во сезоната (35 поени, 14 скокови и 12 асистенции). Кај Њу Орлеанс Џордан Хокинс заврши со 31 поен.

Oдлична вечер имаше и Џоел Ембид во победата на Филаделфија над Вашингтон 148-128. Ембид натпреварот го заврши со 48 поени, надополнети со 11 скока и девет асистенции. Кај поразените Kајл Кузма заврши со 28 поени.

Првиот пораз сезонава го доживеа Бостон Селтикс кој по продолженија загуби на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс со 114-109. Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Индијана – Сан Антонио 152-111, Орландо – Далас 102-117, Детроит – Голден Стејт 109-120, Њујорк – ЛА Клиперс 111-97, Мајами – ЛА Лејкерс 108-107, Бруклин – Милвоки 125-129, Оклахома – Атланта 126-117, Хјустон – Сакраменто 122-97 и Чикаго – Јута 130-113.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button