ВЕСТИРЕГИОН

Ескобар од Белград: Договор за нормализација е можен до крајот на годинава, не очекуваме потпис во Охрид

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска на прес-конференција во Белград изјави дека целта на неговата посета е да работи со политичките лидери во регионот со цел да се постигне напредок по европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Тој нагласи дека тоа е договор за нормализација, а не за признавање. Како што пренесуваат српските медиуми, Ескобар рекол дека би сакал договорот да биде постигнат оваа година. Според него, на средбата во Охрид не се очекува потпис.

Ставот на САД е дека европскиот предлог е најдобрата можност за напредок во процесот на нормализација, посочи американскиот специјален пратеник.

„Очекуваме страните да бидат сериозни, флексибилни и конструктивни, Косово и Србија да имаат мирни, предвидливи и конструктивни односи, а од тоа ќе има корист целиот регион“, нагласи Ескобар.

Тој рече дека би сакал во оваа календарска година да се постигне договор за нормализација.

„Мислам дека тоа е можно“, изјави Ескобар за новинарите во Белград

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button