ФОРМУЛА - 1

Ф-1, Леклер стартува последен во Русија

Возачот на Ферари, Чарлс Леклер последен ќе ја започне трката за Големата награда на Русија. Причина за тоа е промената на моторот, што го потврди и италијанскиот тим. Леклер ќе се обиде да обезбеди место меѓу првите 10 во Сочи, имајќи предвид дека почнува последен. Тој во моментов е на шестото место во генералниот пласман со 106 бода. Следната трка ќе се вози викендов во Сочи, каде што се очекува голема борба за шампионската титула, помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button