ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Фатмир Скендер е утврден за нов уставен судија
Фатмир Скендер е утврден за нов уставен судија
Судијата Фатмир Скендер од Апелацискиот суд Скопје го помина комисискиот филтер во Собрание за нов уставен судија.
Пратениците-членови на Комисијата за прашања на изборите и именувањата со мнозинство гласови „за“ попладнево го утврдија предлогот тој да биде судија на Уставниот суд. Против гласаа пратениците од опозицијата.