МАКЕДОНИЈА

Филипче со апел до граѓаните за новогодишната ноќ

Министерот за здравство Венко Филипче апелира до граѓаните празниците да ги поминат во кругот на најблиските, без групирање и со почитување на мерките. Тој во својот предновогодишен пост на Фејсбук им се заблагодари на медицинските работници посочувајќи ги како херои во здравствената криза.

„Оваа 2020 беше тешка година за сите нас, но вие, нашите херои – здравствени работници заслужувате посебно внимание и почит. Десет месеци борба за спас на сечиј човечки живот. Десет месеци без одмор, во континуиран стрес грижејќи се за нашите и ваши семејства, пријатели, колеги. Вие најдобро знаете колку непроспиени ноќи сте имале, на колку пациенти им била потребна здравствена заштита, но и на колку повици за совет сте помогнале“, напиша својот фејсбук профил министерот за Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button