ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фрчкоски нема поддршка од опозицијата за амбасадорската функција во ОН

Опозициските партии се противат на испраќањето на Лубомир Фрчковски за амбасадор во ОН во Њујорк. Го нарекуваат дипломатски скандал. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателот Стево Пендаровски, кој ја донесе одлуката за новата функција на Фрчковски, ја прекршил процедурата.

Алијанса за Албанците го памети Фрчковски како албанофоб и непожелна личност за САД.

„Како идеолог на СДСМ и поранешен министер за полиција, тој ги користеше истите методи на прислушување како Груевски и беше сценарист на масакрот кај Бит Пазар, аферата со оружје и многу други епизоди на угнетување на Албанците, за кои никогаш не одговори. За време на војната во 2001 година, ширеше „милошевички и геноцидни“ тези повикувајќи на протерување на Албанците преку Јадранот. Во последните години тој јавно ги опиша Албанците како „племиња“. И третото, можеби најсериозното во дипломатската сфера, има врска со фактот дека Фрчковски е персона нон грата или непожелен во САД“, рече Арбен Таравари, АА.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски вчера соопштија дека одлуката за именување на Фрчковски за амбасадор во Обединетите Нации во Њујорк е донесена откако процедурата беше блокирана во Собранието од јуни минатата година, во собраниската комисија со која претседава пратеникот Антонио Милошоски на ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, сите законски услови се исполнети, иако комисијата не го одобри.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button