ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Германија инсистира на одржување на меѓувладината конференција до крајот на годинава

Германија повторно потенцира дека цел на германското претседателство со ЕУ е одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годинава и оти тоа е во интерес на сите вклучени страни. Бугарија пак, нема да ги промени позициите од Меморандумот донесен во нивниот Парламент и смета оти Преговарачката рамка, во формата во која е сега, не е прифатлива за Софија. За македонската страна, Договорот за добрососедство со Бугарија е рамката за решавање на сите недоразбирања меѓу двете земји, оти тој документ е наша најголема заштита од неразумни натамошни барања и притисоци.

Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера рече дека се оптимисти за одржување на првата меѓувладина конференција во рамки на германското претседателство.

– Одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија е наша цел како германско претседателство во рамки на процесот на проширувањето и ние цврсто се придржуваме кон таа цел. Ќе направиме се што можеме за да овозможиме тоа да се случи. Во близок контакт сме со сите инволвирани. Се уште постои малку време. Во интерес е на сите  вклучени тоа да се случи. И ние сме оптимисти, изјави Холштајн.

Во однос на забелешките изнесени од поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере дека  ЕУ не прави доволно за да им помогне на Македонија и Бугарија да изнајдат решение, германската амбасадорка рече дека ЕУ не треба да се вмешува во, како што вели, разлики помеѓу земја членка и земја кандидат за членство. – Билтералните прашања треба да се решавааат на  билетарална основа, порача германската амбасадорка Анке Холштајн.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button