ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Граѓански маки – им го смениле името на улицата, а не им запишале ново

Жителка на населбата Гази Баба во град Скопје, не може да аплицира за нови документи за идентификација, бидејќи на шалтерот на МВР му велат дека старата адреса е избришана, а потврда за нова никаде нема. Не можејќи да аплицира за нова лична карта, оваа граѓанка на Гази Баба може да ја загуби и социјалната помош.

„Кога отидов да ја сменам, ми требаше нова адреса. Тие велат дека таа адреса повеќе не постои, бидејќи е стара адреса и сакаа нова адреса. Останав ни горе, ни долу. Ми рекоа да одам во општина Скопје. Ќе имам проблем, нема да можам да извадам никаков документ“, Жителка на Гази Баба

Овие проблеми почнуваат од март минатата година. Тогаш Советот на Град Скопје, кога градоначалник беше Петре Шилегов, одобри одлука за промена на имињата на стотина улици. По позитивното мислење од Владата, Градот Скопје го испрати списокот до Централниот регистар. Но, вработените во оваа институција забележале дека за 32 имиња Владата не дала одобрение. Алсат го обезбеди овој список со имиња кои не добиле зелено светло од Владата.

Војвода Васил Чакаларов            Крсте Асенов

Гоце Стојчевски Амбарче           Сонце

Никола Мартиновски                   Војдан Чернодрински

Добри Даскалов                           Панче Неделковски

Пере Тошев                                Лазо Трповски

Мара Исаја                                 Алија Авдовиќ

Вулнет Старова                          Адолф Циборовски

Абдурахман Шала                     Љуба Увановиќ

Цетинска                                     Лазар Москов

Костурска                                   Љуботен

Црвени Брегови                         Солунска

Втора македонска бригада         Атана Бабата

Војвода Васил Аџиларски           Сремски фронт

Фуштанска                                 Анте Поповски

Костурски херои                             Стив Наумов

Плоштад Карпошово востание    Стив Наумов

Директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски вели дека побарала од Град Скопје да добие одобрение од Владата за овие 32 имиња. Но, додека да се случи тоа, таа вели дека граѓаните кои живеат на овие улици, а кои немаат добиено нови имиња, не би требало да имаат проблем со вадење документи, бидејќи според неа, старите имиња и понатаму се во Регистарот со адреси. За овој проблем, таа вели дека пред неколку недели имала средба со претставници на Град Скопје и на Министерството за внатрешни работи.

Од Град Скопје не ни одговорија на прашањата како планираат да го решат проблемот.

„Повеќе од 10 дена чекам градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска или друго надлежно лице во Град Скопје да ни даде изјава и да одговори на прашањата: Колку граѓани се соочуваат со овој проблем, како ќе се реши овој проблем и колку време ќе треба да се реши и каде е создадена целата забуна? И покрај овој временски период, оваа институција не покажаа подготвеност за соработка“, изјави новинарка на Алсат, Еви Шкопи

Алсат дознава дека со истиот проблем се соочуваат и многу други граѓани. Освен тоа, не сите институции во државава се усогласени меѓу себе. Некои работат со старите имиња, а некои со новите. Тоа често доведува до ситуации граѓани да не добијат документи или покани од судовите на нивна адреса.

Од МВР велат дека досега ниту еден граѓанин не поднел формална претставка дека му се ускратува правото да добие документи за идентификација. Инаку, дека Град Скопје не побарал одобрение од Владата за 32-те имиња, за Алсат потврдија и од Владата. /Алсат.мк

Еви Шкопи

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button