ВЕСТИРЕГИОН

Грција воведува полиција на универзитетите

Грчкиот парламент синоќа го усвои Предлог законот со кој се формира специјална полиција на универзитетите, и покрај бројните студентски демонстрации кои се спротивставуваат на тоа веќе еден месец. За време на дебатата, околу илјада луѓе, според полицијата, протестираа пред зградата на парламентот против тој закон, кога го нарекоа „антидемократски“. „Полицијата не влегува во универзитетите, туку демократијата“, рече премиерот Кирјакос Мицотакис во обраќањето пред парламентот, додавајќи дека тоа е начин „да се стави крај на насилството и да се отвори патот за слобода“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button