ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гужва од пациенти пред амбулантата за Ковид во болницата „8 Септември“.

Пациентите ја преплавија болницата “8 Септември“. Некои чекаат да добијат резултати од анализите, други остануваат на растојание, но заштитните мерки не се доволни во овие околности кога дел од  пациенти се  позитивни на вирусот. Ризикот од ширење на инфекцијата е голем, токму тука, каде што се очекува да се дијагностицира. Граѓаните велат дека не биле тестирани, но чекаат цел ден да направат крвна слика и рентген за да видат дали се заразени или се само со сезонски настинки и обичен грип.

„Ова е трет пат како доаѓам, вчера бев по втор пат имав контрола, ова е трет пат да дојдам да ги видам резултатите. Ова е двостран проблем, треба да има и други пунктови, ако е можно да се отворат уште 2-3 пункта за да се растерети гужвата“.

Лекарите внатре велат дека е невозможно да се прегледаат сите префрлајќи дел од вината и кај матичните лекари. Зад камера, ни рекоа дека дел од матичните лекари не ги ни прегледуваат пациентите со симптоми туку вендаш им даваат упат за подетален преглед.

Иако е поставен шатор за да не се чека на студот, граѓаните не чекаат таму бидејќи стравуваат дека може да се заразат во затворени простории. Но, тие го изгубија трпението од чекање и се упатија кон вратите на амбулантата. Нема да одат дома со страв да не ги заразат членовите на нивните семејства.

„Вчера имав контрола, чекав 3-4 часа затоа што имаше многу гужва. Денес ни кажаа да дојдеме за резултатите, но пак има гужва и не можевме да стигнеме до редот“.

Редот не се одржува ниту од униформирани лица.

“Додека таму се формираат долги редици за да добијат соодветни прегледи за ковид од лица кои се сомневаат за коронавирус, полицијата и армијата гледаат од далечина и не се во состојба да одржат ред.

Директорот на Болницата, Христијан Костов, објасни дека во ваква ситуација се загрозува здравјето на пациентите и медицинскиот персонал бидејќи лекарите даваат голем број приоритетни упати.

Над 200 пациенти дневно се лекуваат во амбулантите на оваа болница. Покрај дневните третмани, во оваа болница се хоспитализирани и 107 пациенти, за кои се трошат 2 тони кислород дневно. Кислородната терапија е неопходна за пациентите со умерена  и тешка клиничка слика. Од вкупно 110 кревети за пациенти со Ковид 19, слободни се само 3.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button