СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола во 2025 има намера да го напушти Ман. Сити ?!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, донел одлука за својата иднина, тврди „Football Insider“. Според изворот, 53-годишниот шпанец има намера да го напушти тимот во 2025 година кога ќе му истече договорот. После тоа Гвардиола сака да направи пауза од тренерската кариера.

Гвардиола е на чело на Манчестер Сити од 2016 година. Оттогаш „граѓаните“ петпати станаа шампиони на Англија, двапати го освоија Купот и Суперкупот, а минатата година за првпат во својата историја станаа и победници на Лигата на Шампионите. Гвардиола претходно беше тренер на Баерн Минхен и на Барселона.

По 28 кола, Манчестер Сити е третопласиран на табелата во Премиер Лигата со 63 бода, еден бод помалку од Арсенал и од Ливерпул.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button