ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Трагедија во Јужна Африка, 45 загинати, само еден преживеан

Осумгодишно девојче е единственото преживеано во несреќа во Јужна Африка денеска во која најмалку 45 лица загинаа кога автобус падна од мост.

Таа е пренесена во болница со сериозни повреди.

Автобусот удрил во оградата на мостот, преку која се превртел, паднал во провалијата и се запалил, јавува Ројтерс.

Автобусот превезувал аџии од Боцвана до јужноафриканскиот град Морија.

Претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, испрати сочувство до Боцвана и вети поддршка за земјата, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button