ЕКОНОМИЈА

Хаџиу: Комисијата за инфективни болести одлучува кој ќе работи, а кој не

Претставникот на Министерството за економија, Беким Хаџиу, поканет во „Економски магазин“, на прашањето зошто Владата не излегува во пресрет на барањата на сопствениците на ресторани за свадби, рече дека ова прашање е во рацете на Комисијата за заразни болести. Какот што вели тој, ова тело одлучува кој ги исполнува условите за работа, а кој не, имајќи го предвид здравјето на граѓаните и ризикот од ширење на коронавирусот.

„Претставникот на сопствениците на ресторани потенцираше дека Комисијата за инфективни болести (КСИ) е таа што ги дава протоколите и утврдува кои установи ќе можат да работат, а кои не, ние како министерство за економија имаме добар контакт со сите, Стопанските комори со сите субјекти кои во моментов работат со загуба и кои со одлука на владата се затворени и се обидуваме да најдеме решенија. Ние ѝ предложивме на Комисијата протоколи што се спроведуваат во ЕУ. Во комуникација сме со Светската туристичка организација да ни донесе безбедносни протоколи во однос на коронавирусот, се надеваме дека наскоро ќе ги имаме и ќе ги предложиме на КСИ, бидејќи КСИ одлучува кој работи, а кој не“, изјави Хаџиу.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button