ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Има волја за решение во Софија и Скопје, Франција е подготвена да помогне, вели Клемен Бон

Франција смета дека во моментов не може да се одреди конкретен датум за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Мора да се најде решение за проблемите меѓу двете земји што е можно поскоро, но поставувањето рокови може да ја наруши динамиката на процесот.

Ова пред новинарите во Софија по завршувањето на посетата го изјави францускиот министер за европски прашања Клеман Бон.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Клеман Бон рече гледа волјата кај новата бугарска влада и кај македонските власти во Скопје да го продолжат дијалогот. Според Клемент Бон, Франција е подготвена да го поддржи овој процес како партнер и како следен претседавач со Советот на ЕУ.

За да се зачува стабилноста на Балканот, рече тој, Франција не може да чека предолго, но во исто време мора да имаме разбирање за проблемите што Бугарија и Северна Македонија треба да ги решат.

„Ја напуштам Софија со самодоверба и надеж, бидејќи од бугарските власти слушнав волја да се најде решение што е можно поскоро“, изјави Клеман Бон.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button