ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Имало-немало нов закон, во пензија на 64 години мора сите кои лани не побарале да продолжат со работа

Новиот закон за задолжително пензионирање на 64 години, иако требаше да влезе во сила од први месецов, сè уште е заглавен во матичните комисии во Собранието. Причина е големиот број поднесени амандмани од опозицијата. Без разлика што во моментов важи старото законско решение, пензионирањето е задолжително на 64 години за сите кои до август лани не побарале да продолжат да работат, максимум уште три години.

„Доколку некој работник кој оваа година полни 64, 65 или 66 години возраст, а сака да го продолжи договорот за вработување до наполнување на 65, 66 односно 67 години, тогаш барањето требало да го поднесе заклучно со 31 август 2020 година“, велат од Министерството за труд.

Неофицијалните бројки се дека оваа година треба да се пензионираат 6.000 граѓани, но нема податок колку е точниот број на оние кои решиле да продолжат со работа. Во секој случај, од Пензискиот фонд велат дека новиот закон кој е во процедура нема да претставува голем финансиски товар.

„Имајќи во предвид дека имаме професии коишто ќе бидат изземени, односно што ќе можат да продолжат со својот работен однос и над оваа возраст, како и тоа што оние кои имаат поднесено барање за продолжување, фондот не очекува големи промени или поголем наплив на барања за пензионирање. Сметам дека сè ќе биде во еден нормален тек“, рече Билјана Јовановска- Директорка на ПИОМ.

Задожителното пензионирање на 64 години нема да важи за вработените од сеторот здравство и високо образование. Инаку, Владата сè уште го нема исполнето и преизборното ветување за предвремено пензионирање со откуп на стаж. Најавите беа дека секој ќе може да замине во пензија макусимум пет години пред редовното пензионирање на 64 години, ако си го докупи стажот, просечно со околу 3.000 евра.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button