ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Инспектори ќе казнуваат несовесни посетители во зоолошката градина во Скопје

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на Град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во скопската зоолошка градина. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките.

Станува збор за кампања „Подарете љубов, а не храна“ за заштита и благосостојба на животните во зоолошката градина.

„Строго е забрането хранење и допирање на животните, какво било нивно вознемирување и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, прекачување преку огради и влез во забранети зони. Нашите животни имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив. На пример, имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко, или пак, голем дел животни за кои зелката е најштетна“, стои меѓу другото во соопштението.

Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење на животни, тоа може да го направат во делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување на миленик, се додава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button