МАКЕДОНИЈА

Истражување: Од што најмногу се загадува воздухот во Скопје – ова се резултатите

Професорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Дејан Мираковски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат ги претстави резултатите од истражувањето со кое се определуваат главните извори на загадување во главниот град. Како што вели тој, главен извор се емисиите коишто се ослободуваат при загревањето на објектите.

„Во текот на летото воопшто го немаме или има одредени емисии, детектирани од согорување на отворено. Се јавуваат во пролетните и раните летни месеци. Тоа е согорувањето на стрништата и градинарски отпад по дворовите. Во текот на зимата доминираат емисии од согорување на биомаса (дрво), од 35-60 проценти. Следните 10-15 проценти се од согорување на нафта и мазут, поврзани со загревањето“, вели проф. Мираковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button