ЗДРАВСТВО

Истражување: Пластиката може да навлезе и во плацентата!

Човекот од 21 век се раѓа во свет обложен со ситна прашина од петрохемиски отпад.

Сепак, група истражувачи тврдат дека нашата лична врска со микроскопските фрагменти од пластика може дури и да се протегаат до пред наталниот период, односно додека плодот е се уште во телото на  мајката. Таквите тврдења се поткрепуваат со доказите пронајдени во човечката плацента.

Истражувањата покажале дека делчиња од ситна пластика, со големина помеѓу 5 и 10 микрометри се регистрирани во двата дела на плацентата, односно и во делот што се прикрепува за матката, но и во делот што е од страната на фетусот во развој (amnion).

Плацентата е комплексна комбинација на ткива, обликувана во текот на милиони години еволуција, за изолирање на новонастанатиот живот во најважната фаза од неговиот развој.

Нејзината функција меѓу другот вклучува и филтрирање на патогени и други потенцијално опасни материјали од крвотокот на мајката, истовремено дозволувајќи им на различни хранливи материи, антитела и кислород да поминат кон телото на фетусот.

„Поради клучната улога на плацентата во поддршката на развојот на фетусот и делувањето како мост со надворешното опкружување, присуството на потенцијално штетни пластични честички претставува голема загриженост“, пишува тимот во нивниот извештај.

Тие додаваат дека ќе требаат дополнителни истражувања за да се утврди дали во подоцнежниот период на животот, поради присуството на пластичните честички, би можело да се очекуваат некакви ефекти врз определени системи на новиот организам.

„Со оглед на тоа што речиси ниту еден дел од нашата планета не е недопрен од пластичниот отпад, би сакале да откриеме дали пронајдените парчиња пластика се аларм за нашето постоење“, велат истражувачите.

Истражувањето е објавено во списанието „Сајенс дајрект

Преземено од: darijanatos.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button