ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изгоре Универзалната сала во Скопје

Пламените јазици што ја зафатија Универзалната сала предизвикаа голема материјална штета, но за среќа нема повредени. Во моментот на пожарот во објектот кој инаку се реконструира, имало три лица, еден инженер од фирмата ангажирана за работите и двајца чувари. Полицијата ги привела зашто тоа било редовна постапка.

„Тројца градежни работници кои вршеле должност во моментот на пожарот се приведени. Станува збор за Б.Р (50), З.Т (60) и Б.И (53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, наведоа од МВР.

Од фирмата што ја врши реконструкцијата соопштија дека вработените се обиделе да го изгаснат огнот, но безуспешно.

Пожарот е локализиран по интервенција на Противпожарната единица, а причините за неговото избувнување сè уште не се познати. Од итната помош и полицијата соопштуваат дека на две лица им била пружена помош. Живееле во близина на салата и вдишале чад.

Министерката за култура рече дека штетата ќе се санира од осигурувањето.

Граѓаните пак, веќе не се зачудени од ваквите настани.

Новата купола на Универзалната сала беше поставена пред само 10 дена. Претходно реконструкцијата беше прекината цели две години и продолжи од февруари. На почетокот на работите од власта најавија дека салата ќе биде готова до декември 2026 година.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button