ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Слаб промет за Бајрам, лани ред се чекаше, а годинава…

Денеска гледаме многу луѓе кои излегле на купување, но не секој може да го купи она што го сака бидејќи се жалат на високите цени. Истото се случува и со продавачите кои се жалат дека за разлика од лани кога имало многу купувачи, годинава има дури и празни дуќани.

„Излеговме да купиме нешто за малиот, но цените се астрономски…“

„Цените се високи. За животниот стандард на нашата земја овие цени се катастрофални. Да, треба да издвоиме од малиот буџет да купиме нешто за да ги израдуваме децата…“

„Високи се, за нашите плати многу се високи. Но, ете ќе купиме нови алишта затоа што децата сакаат нешто ново“, велат граѓаните.

„Овој Бајрам е најслаб. На пример, децата кои лани купуваа облека минатиот Бајрам, чекаа ред во продавниците, а денеска се празни. Тоа зборува за голема економска криза“, рече Менсур Арифи- претседател на Здружението на занаетчии од Тетово.

Според продавачите, на едно семејство за едно дете му требаат најмалку 1.500 денари за да му купи нова облека за Бајрам.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button