СПОРТФУДБАЛ

Анчелоти: Позицијата на Родриго ги изненади гостите

Сите се полни со впечатоци по фудбалскиот спектакл на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Реал на домашен терен ремизираше со Манчестер Сити 3-3, а тренерот на шпанскиот гигант Карло Анчелоти по натпреварот изјави дека смета дека неговиот тим може да се пласира во полуфиналето на елитното натпреварување.

“Ова беше многу возбудлив дуел во кој головите за мадриѓаните ги постигнаа Рубен Диас (автогол) во 12. минута, Родриго во 14. минута и Федерико Валверде во 79. минута. Одигравме изедначен натпревар, и двете екипи се натпреваруваа до крај. Тешко остварено реми. Се додека ги притискавме, бевме во добра позиција. Се обидовме да го искористиме нашиот капацитет за да играме брзо во транзиција.

Тие рано поведоа и да бидам искрен, никој не очекуваше дека Бернардо ќе шутира од таму кон голот. Игравме добро, добро реагиравме, но Сити постигна два неверојатни гола“, истакна Анчелоти.

 

Искусниот стручњак ја изненади јавноста одлучувајќи Родриго да започне по левата страна.

 

„Можеби малку го изненадивме Сити со таа одлука. Нашиот втор гол дојде по одлична акција, Винициус и Родриго се одлични кога комбинираат и создадоа многу шанси“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

 

Возвратниот натпревар на двата гиганти се игра следната среда во Манчестер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button