СПОРТФУДБАЛ

ВИДЕО / Габриел направи грешка, а судијата не им досуди – пенал!

Мечот меѓу Арсенал и Баерн Минхен заврши 2-2, во центарот на вниманието беа и судиите бидејќи и двете екипи по мечот се бунат за недосудени пенали во нивна полза. Од Арсенал беа бесни што судијата не свирна пенал при фаул од Нојер врз Сака, а баварците се гневни на една бизарна ситуација.

Голманот на Арсенал изведе гол-аут, му ја додаде топката на Габриел кој ја фати со раце и повторно го изведе гол-аутот. Судијата не сакаше да го свирне тоа како пенал, но Тухел и германските медиуми сметаат дека тоа е огромна грешка.

„Судијата направи огромна грешка, имаше пенал поради играње со рака. Знам дека тоа беше луда ситуација. Тие ја ставија топката долу, тој свирна и дефанзивецот ја фати топката со неговите раце“, вели Тухел.

 

„Она што ме прави лут е објаснувањето на судијата. Тој им рекол на нашите фудбалери дека тоа било „детска грешка“ и дека нема да свирне пенал за тоа во четвртфинале од Лигата на шампионите. Тоа е ужасно, ужасно објаснување. Детска грешка, возрасна грешка, како и да е, ние сме лути бидејќи тоа е огромна одлука против нас“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button