ЕКОНОМИЈА

Измените на регулативата за игри на среќа може да предизвикаат финансиски, социјални, но и меѓународни импликации за државата

Државна Видеолотарија укажува на несогледливите финансиски и социјални последици кои ќе згаснат цела една стопанска гранка, по најавените измени во законската регулатива за приредување на игри на среќа и забавни игри, особено сега во овој период кога економиите трпат бројни последици како резултат на пандемијата. Најавените измени може да предизвикаат и импликации врз постојните меѓународни договори кои биле склучувани со анализи и под услови кои тогаш важеле во земјата.

Предложените измени  на Законот за игри на среќа и забавни игри, може да предизвикаат сериозни импликации во повеќе аспекти.  Не сме убедени дека целта на овој предлог е унапредување на индустријата, заштита на играчите или пак зголемување на приходите во буџетот. Укажуваме дека конкретниов предлог закон тоа нема да го постигне бидејќи ќе се затворат објектите, даноците ќе ги нема, а буџетот ќе изгуби сериозни последици. Имено, оваа стопанската гранка директно или индиректно одржува повеќе од 70.000 работни места, а државата и Буџетот ќе останат покуси за повеќе од 250 милиони евра на годишно ниво. Воедно, на мала врата се воведува правна несигурност со тоа што се менуваат условите за работење кај правните субјекти кои работат директно врз основ на постојните законски одредби со наметнување на услови и обврски, кои не постоеле во времето на нивно издавање.

Државна Видеолотарија потсетува дека најавените измени ќе имаат импликации и врз постојните меѓународни договори кои биле склучувани со анализи и под услови кои тогаш важеле во државата, а што ќе даде исклучително лоша слика за толку потребните странски вложувања во Република Северна Македонија.

Цениме дека се работи за популистички обиди или скриени намери, а под изговор за заштита на населението од прекумерна изложеност на игрите на среќа на начини кои не постојат никаде во светот, што е поткрепено со повеќе изработени студии на европско и светско ниво.

Укажуваме дека во моментов се работи за исклучително регулирана стопанска гранка. Најавените измени ќе доведат до згаснување на легалните приредувачи. Ефектот на измените ќе резултира силно да проработи „црниот пазар“ односно нелегалните приредувачи и сивата економија, што ќе направи дополнителни проблеми и трошоци за инспекциските органи и судските власти. Убедени сме дека промените не само што нема да ја заштитат оваа  стопанската гранка, напротив, ќе ги нарушат државните интересите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button