ВЕСТИРЕГИОН

(ВИДЕО) Во Грција активни 500 пожари, илјадници евакуирани

Во Грција избувнаа повеќе од 500 пожари, поради што неколку илјади луѓе беа евакуирани од десетици населени места.

Пожарникарите ја поминаа ноќта обидувајќи се да спречат пожар да се прошири во станбените области во регионот Гортини на Пелопонез, каде се евакуирани повеќе од 20 села.

Пожарите продолжуваат да беснеат на претежно непристапен терен во близина на областите Фанараки, Кастраки, Пири, Лотус, Лиодора, Хрисокор и Дафне, а голем дел од обработливото земјиште и неколку дополнителни рурални објекти се уништени, додека електричната енергија и снабдувањето со вода се прекинати, пренесува Катимерини.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button