ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Изречени 242 санкции во Скопје, 42 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 242 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42, 23 санкции за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 18 санкции за користење мобилен телефон, 15 за некористење сигурносен појас, 14 за непрописно престројување, девет за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 59 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button