СПОРТ

Јаник Синер по Мастерсот во Мајами, до втората позиција на АТП листата

Јаник Синер со триумфот на Мастерсот во Мајами стигна до најдобриот пласман на АТП листата, а Новак Ѓоковиќ ја започна 419. недела на првото место. Италијанецот го прескокна големиот ривал, Карлос Алкараз и стана првиот италијанец, кој стигна до второто место на АТП листата. Исто така, со 13 титули на АТП турнирите, тој е најуспешниот италијански тенисер во опен ерата.

Синер има 1.015 бодови помалку од Новак Ѓоковиќ, кој сигурно ќе биде број 1 и во наредните две недели. Србинот кој ја започна 419. недела на првото место, за седум дена ќе наполни 36 години и 322 дена, со што и официјално ќе стане највозрасниот број еден.

Во Топ 10, благодарение на изворедните настапи во Индијан Велс и Мајами се врати Григор Димитров. Бугаринот се наоѓа на деветтата позиција, и се врати во елитната десетка по 260 недели, што е трета најдолга серија меѓу два престоја во Топ 10 во историјата на тенисот. Така ќе собори уште еден рекорд кој беше во сопственост на Роџер Федерер.

На третото место е Карлос Алкараз со 8.645 бодови, додека Данил Медведев е четврти со 7.165. Од петтото до десеттото место се: Александар Зверев, Андреј Рубљов, Холгер Руне, Каспер Руд, Григор Димитров и Хуберт Хуркач.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button