ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Јовевски: Законот ми дозволува да не одам во пензија

Државниот обвинител Љубомир Јовевски, ќе остане на позицијата и по Нова Година. Иако на трети јануари догодина, полни 67 години и исполнува услови за старосна пензија, тој за Алсат објаснува дека Законот за јавно обвинителство не предвидува да оди во пензија по неговиот роденден.

 Останувам на позицијата и по Нова Година. Мојот мандат е шест годиини и јас сум избран за Државен обвинител во Собранието. Евентуално разрешување може да изгласа Парламентот, а тоа може да се случи било кој ден. Можеби и утре“-изјави Љубомир Јовевски, Државен обвинител.

Јовевски посочува дека Законот за јавно обвинителство прецизно утврдува, дека со исполнет услов за старосна граница, во пензија одат јавните обвинители, но не и Државниот. Во Законот во членот 87 стои дека на јавниот обвинител му престанува функцијата, доколу ги исполни условите за старосна пензија со право на продолжување согласно со Законот за работни односи. Клучната разлика, според Јовевски е во членот 86, кој стритно се однесува на неговата позиција.

Инаку, прашањето за потребата или не Јовевски да мора да оди во пензија, се актуелизираше и во Советот на обвинители. Оттаму испратија и допис до Собранието дека Јовевски наскоро ќе исполни услови за пензија. Јовевски за Државен обвинител беше именуван со промената на власта или на 25 декември 2017 година со 61 глас во Собранието.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button