МАКЕДОНИЈА

Како се спроведуваше кампањата за вакцинација во 2021 година

Вакцинацијата против коронавирусот во земјава започна во февруари минатата година. Првично беа вакцинирани лекарите, како најзагрозени поради контактот со заразани пациенти, а потоа и другите здравствени работници. Со пристигнувањето на повеќе дози на вакцини, националниот комитет за имунизација им даде приоритет на таканаречените ранливи групи граѓани кои се постари од 65 години, хронично болните, армиските припадници, полицајците, просветните работници, пожарникарите, новинарите.

Во првите месеци кога започна процесот на вакцинација, интересот на граѓаните беше многу голем, дури и пред вратите на пунктовите за вакцинација се создаваа толку долги редици што граѓаните често имаа вербална расправија.

Сепак, овој наплив на заинтересирани траеше многу малку. Откако се вакцинираа загрозените групи и уште еден дел од граѓаните, вакцинацијата речиси стагнираше. Многу пунктови за вакцинација беа затворени како последица на намалувањето на бројот на заинтересирани граѓани.

По август, кога беше регистриран четвртиот бран на вирусот, пришто беа заразени илјадници граѓани, а уште стотици ги загубија животите, особено во полошкиот регион, интересот за вакцинација повторно доби нов замав, кој уследи како резултат на мерките за ограничување што ги донесе Владата, кои меѓу другото не им дозволуваа на невакцинирани граѓани да влезат во ресторани и кафулиња, а на угостителските капацитети им беше забрането да наполнат повеќе од 30% од внатрешните капацитети. За бизнисите кои ќе примат невакцинирани гости беа изречени и казни.

По октомври минатата година, интересот за вакцинирање повторно значително опадна. До декември со две дози се вакцинирани над 811.000 граѓани, додека третата доза ја примиле над 86.000 лица. Овие бројки во проценти се 39,1% од вкупното население. Во меѓувреме, по варијантата „Делта“, експертите сметаат дека за да се постигне колективен имунитет, потребно е да се вакцинираат 80-90% од населението.

За да се зголеми бројот на вакцинирани, Комисијата за заразни болести предложи построги мерки како што се обврзување на државната администрација и на преостанатиот медицински персонал да се вакцинираат додека се присутни на своето работно место или на друг начин да вршат ПЦР тестови двапати неделно, кои би ги платиле од свој џеб. Сепак, Владата не одобри ваква мерка бидејќи имаше многу остри реакции од странаа на синдикатот.

Малиот интерес за вакцинирање, многу експерти го поврзуваат со недостигот на кампањи за подигање на свеста против Ковид 19. Министерството за здравство често беше критикувано дека не води доволно кампањи кои ќе го зголемат процентот на вакцинирани, сепак тоа не донесе никакво „будење“ кај здравствените власти.

Во меѓувреме, корона вирусот продолжува да создава други мутации. Експертите ја поврзуваат појавата на нови видови со нискиот процент на вакцинирани. За најновата варијанта „Омикрон“ се вели дека е многукратно пораспространета од другите варијанти досега, но вакцинацијата според надлежните е одговор и за оваа мутација. Експертите на СЗО предвидуваат дека крајот на пандемијата ќе дојде кога сите луѓе ќе бидат вакцинирани.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button