ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Како ширењето на дезинформации за вакцините влијае врз децата

Пандемијата ја пустоши возрасната популација во светот веќе две години, додека децата во голема мера беа поштедени од црната статистика.

Брзото ширење на варијантата омикрон доведе до рекорден број на инфекции и хоспитализација на деца, а за ризикот придонесува и дезинформациите против вакцините за нивната наводна штетност.

Веројатноста млади луѓе да умрат од вирусот се уште е мала. Вакцините во голема мера го намалуваат ризикот од тешки болести, а вакцинираните мајки можат да ја пренесат заштитата на своите деца.

Сепак, поради сомнежите кон вакцините, коишто се шират преку Интернет, родителите и децата остануваат ранливи.

Васим Балан, лекар во детската болница во Феникс, рече дека борбата против дезинформациите станала дел од неговата работа, без разлика дали се работи за загриженост дека вакцините се претерано брзо  развиени или за лажни тврдења дека тие можат да влијаат на плодноста.

„За жал, овој разговор често го правиме со родителите кога детето веќе завршило во болница“, вели тој.

Важно е родителите да разберат дека вакцините се „најважната алатка за заштита“, а особено помагаат да се избегне ретка и опасна компликација на мултисистемски воспалителен синдром, која може да се појави кај децата и при блага инфекција.

Плодот е заштитен преку мајката

Во првата недела од јануари, Детската болница во Тексас во Хјустон имаше 12 случаи на новороденчиња кои беа на интензивна нега поради Ковид.

Новороденчињата се премногу мали за да се вакцинираат, но Кетрин Греј, од фетална медицина во Бригам и Женската болница, рече дека има се повеќе докази дека антителата безбедно се пренесуваат од мајка на дете за време на бременоста, што барем делумно го штити.

Бремените жени исто така не сакаат да ја примат вакцината, бидејќи тие не биле вклучени во првичните клинички испитувања.

Греј вели дека денес, врз основа на сите податоци, може со сигурност да им каже на трудниците дека вакцината е безбедна и за мајката и за бебето.

„Ако навистина сакаат да ги заштитат своите новородени деца, најдобар начин да го направат тоа е да се вакцинираат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button