ВЕСТИРЕГИОН

Клуч за дискотеките и ноќните клубови во бугарската престолнина

Од утре сите ноќни клубови во главниот град на Бугарија ќе бидат затворени. Мерката ќе важи во следните две недели, објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.

На одлуката ѝ претходеше соопштение од Бугарското здружение на лекари, од каде повикаа на затворање на ноќните клубови, дискотеките и кафе баровите, како и на сите спортски центри во кои не може да се обезбеди потребното растојание помеѓу присутните.

Алармот е вклучен поради секојдневното зголемување на борјот на новозаболени од Ковид-19.

Како што се додава во соопштението, Здружението на лекари нагласува дека институциите во кои може да се обезбеди ефикасно спроведување на мерките за заштита од пандемијата може да си продолжат со нормално работење, пренесе бугарската агенција 24 часа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button