РЕГИОН

Косово од денеска воведува полициски час

Премиерот на Косово, Албин Курти најави нови мерки поради новиот раст на новозаболени од Ковид-19. Новите мерки за спречување на ширењето на вирусот стапуваат на сила од денес, а ќе траат до 13-ти септември. Курти најави полициски час во периодот од 22 часот до 5 наутро, а почетокот на учебната година е одложен за 13-ти септември.

На територијата на Косово вчера починаа 36 лица.

Тој соопшти дека почитувањето на мерките многу повеќе ќе се контролираат отколку досега, како и дека секое непочитување ќе се санкционира.

„Секој кој ќе ги прекрши мерките ќе биде парично казнет, ја зголемуваме полициската контрола, а инспекторите ќе ја зголемат контролата во продавниците и трговските центри“ изјави Курти.

За влез во Косово треба да се поседува доказ за комплетна вакцинација или барем една доза, негативен ПСР тест кој не е постар од 72 часа, потврда за прележан вирус или брз негативен тест за антитела кој не е постар од 48 часа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button