ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Костадинов: Единствена грижа на ВМРО-ДПМНЕ се предвремени избори

Костадинов: Единствена грижа на ВМРО-ДПМНЕ се предвремени избори

СДСМ го оценува како несериозно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. Според заменик-претседателот на оваа партија, Перо Костадинов, во моментот кога државата е пред решавање на суштински државни прашања во време на глобални кризи, предвремените избори не претставуваат решение, туку одолговлекување на процесите, информира Алсат.

„Во моментот на решавање на важни и суштински државни прашања, бидејќи во мандатот што го имаме во моментов знаеме дека повеќето кризи се глобални, не се предизвикани од Владата, напротив Владата покажа активност и сериозни мерки кои носат дополнителни резултати во справувањето со тие кризи. Според мене, моментот и целта што ја постави ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори, мислам дека наскоро ќе сфатат дека не е во ред… Барањето за избори е условно, тоа сите го знаеме, додека тие со делата и постапките во секој момент од нивното политичко дејствување можат да покажат што нудат на полето на справување со кризи со кои во моментов се соочуваме не само нас, туку и Европа и светот“, рече Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ. /Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button